Груб збор - категорија

абдал повеќе

мн. абдали
Вид збор: Именка, машки род
Човек со ограничени умствени способности.
Англиски: fool, idiot Турски: aptal Албански: avdall, budalla
Примери:
Абдал еден!

ајван повеќе

мн. ајвани
Вид збор: Именка, машки род
неработник, безделник
Англиски: good-for-nothing Албански: përtac

ака повеќе

акаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Скита, оди, шета без некаква цел и без потреба.
Англиски: roam
Примери:
Тој ака по кафулиња.

акнат повеќе

акнати
Вид збор: Придавка
удрен, чукнат, глупав
Англиски: stupid
Примери:
Овој е ептен акнат.

апаш повеќе

мн. апаши
Вид збор: Именка, машки род
крадец, разбојник, џепчија
Англиски: robber Турски: apaş
Примери:
Ми влегле апаши во куќата.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - ц - ч - џ - ш